Руските милијардери изгубија 33 милијарди долари оваа година

88

Богатството на руските милијардери годинава падна за 33 милијарди долари, а ескалацијата на конфликтот во Украина може да доведе до уште позначителен пад на богатството.

Вкупната вредност на богатството на 23 руски милијардери сега е 342 милијарди долари, наспроти 375 милијарди долари на крајот на минатата година, објави Блумберг.

Генадиј Тимченко ја предводи листата на милијардери чие богатство е намалено, па неговата финансиска состојба е речиси една третина пониска од 1 јануари, според индексот на милијардери Блумберг, на листата на 500 најбогати луѓе во светот.

Тимченко (69), син на поранешен советски воен офицер кој се запознал и се спријателувал со Владимир Путин на почетокот на деведесетите, сега има богатство од околу 15,8 милијарди долари и најголемиот дел од парите ги заработил од удел во рускиот производител на гас Novatek.

Друг акционер на Novatek , Леонид Микелсон е „потенок“ за 6,4 милијарди долари, а директорот на „Лукоил“, Вагит Алекперов изгубил 3,5 милијарди долари, додека акциите на компанијата паднале за 19 отсто.