Руските туристи го преплавуваат Балканот преку Македонија

121

ATORUS, Асоцијацијата на руски тур – оператори, објави дека руски туристи летово го преплавуваат Балканот преку Македонија, бидејќи летовите се директни, се патува без визи и авионите можат да летаат со 95% оптовареност. Освен што ја посетуваат Македонија, од тука тие одат понатаму во Црна Гора, Албанија, Дубровник, Бугарија и Грција.

Руските туристи покажуваат голем интерес за летови на релација Москва – Скопје. Авионите пристигнуваат речиси целосно исполнети. Во меѓувреме повеќето од местата ги заземаат транзитни патници кои патуваат за Црна Гора, Албанија, Бугарија и Грција.

ATORUS  потсетува дека воздушниот сообраќај со Македонија беше обновен на 28 јуни, по пауза од 20 години.

Туристите  главно ги интересира Охридското Езеро, а тие исто така патуваат низ земјата.