Руските златни резерви се сè поблиску до историскиот максимум

Руските резерви на злато достигнаа ново највисоко ниво од 188,8 милијарди долари, а уделот на злато во меѓународните резерви на земјата сега надминува 30 отсто – за прв пат по речиси четвртина век, објави Централната банка на Русија.
Додаваат дека вредноста на монетарното злато во меѓународните резерви е зголемена за повеќе од девет милијарди долари или 5,1 отсто од почетокот на август.

Цената на златото се зголеми за 3,6 отсто во август за да го заврши месецот на 2.513 долари за унца, што значи дека значителен дел од добивките на руските акции се резултат на повисоките цени на златото.

Учеството на монетарното злато во меѓународните средства на Русија е највисоко од јануари 2000 година, кога достигна 31,2 отсто. Највисокото ниво во модерната историја на земјата е забележано во јануари 1993 година, кога изнесувало 56,9 отсто.

Според податоците на Централната банка, девизните резерви на земјата продолжија да растат и на 1 септември достигнаа вредност од 613,7 милијарди долари, што е повеќе од 11 милијарди долари во однос на претходниот месец.