Rutsio – футуристички автомобил чии тркала се движат хоризонтално и вертикално

47

petar-vukovic-rutsio_01

Индустрискиот инженер од Србија, Петар Вуковиќ, освои награда на престижниот американски конкурс за дизајн на автомобили – Michelin Challenge design. Тој стои зад дизајнот на Rutsio, чии тркала можат да се ротираат и хоризонтално и вертикално, пишува Танјуг.

petar-vukovic-rutsio_03

“Главната карактеристика на автомобилот е можноста тркалата да се ротираат вертикално и хоризонтално. Центарот на ротацијата на осовината се наоѓа во шасијата и за предниот и за задниот дел од автомобилот, додека центарот на вертикалната ротација на тркалата се наоѓа на самото тркало“, вели 29-годишниот Вуковиќ.

petar-vukovic-rutsio_05

Тој ја доби наградата во конкуренција од над 1.000 уметнични дизајнери од целиот свет.

petar-vukovic-rutsio_08

Rutsio се уште ја има само виртуелната верзија, па се очекува во иднина да развие и вистински прототип на овој автомобил. Неговиот дизајн ќе биде претставен од 13 до 16 јануари следната година на еден од најголемите саеми за автомобили во Детроит.