Рузмаринот го подобрува помнењето

53

ruzmarin

Фото: Pixabay

Етеричното масло од рузмарин помага во зајакнувањето на долгорочната меморија и концентрација, покажуваат истражувањата на психолозите од британскиот универзитет во Нортамбрија.

Лекарите велат дека тоа откритие би можело да биде од голема помош за оние кои забораваат да го земат препишаниот лек и други важни информации.

Многубројните тестови потврдуваат дека етеричното масло од оваа билка ги зголемува шансите да се потсетите на нешто за дури 75%.

Марк Мош, главниот доктор во истражувањето, објаснува дека тимот за време на истражувањето се фокусирал на способноста на мозокот во одредено време да се присети на некои веќе закажани обврски, што е клучно за секојдневното функционирање.

Доволни се само неколку капки од ова масло да се распрскаат во воздухот, за рузмаринот да го постигне својот ефект. Во современата билна медицина, рузмаринот се користи и како благанелгетик против мигрена и проблеми со варење.