Ryanair и easyJet ќе им ги вратат парите на патниците за откажаните летови во Италија

57

Италијанскиот регулатор за авиосообраќај соопшти дека успеал да убеди четири нискобуџетни авиокомпании, вклучувајќи ги и ирската Ryanair и британскиот easyJet, да им понудат на патниците за откажани летовите да им ги вратат парите наместо да им нудат ваучери.

Италијанскиот регулатор за заштита на конкуренцијата AGCM објави дека ја прекинува истрагата против Ryanair, easyJet, Vueling и Blue Panoramа, бидејќи ги исполниле нејзините барања.

Покрај можноста за враќање на средствата, четирите авиокомпании ќе обезбедат бесплатен пристап до нивните кориснички услуги и ќе го зголемат бројот на работници во службите за корисници.

AGCM започна постапка против превозниците кон крајот на септември.

Фото: Pixabay