Ryanair ќе го намали бројот на летови во септември и октомври за 20 %

29

Ирската нискобуџетна авиокомпанија Ryanair ќе ги намали капацитетите за уште 20 % во септември и во октомври поради повторното воведување на некои ограничувања на патувањата, што доведе до значителен пад на однапред резервирање на билети во изминатите 10 дена.

Авиокомпанијата наведе дека намалувањето на капацитетите ќе биде фокусирано на Франција, Шпанија, Исрка и Шведска, истакнувајќи дека тоа подразбира намалување на бројот на летови, а не затворање на рутите.

Акциите на Ryanair, што изминатите недели го достигнаа највисокото ниво од почетокот на јуни, вчера забележаа пад од 4,4% на 11,22 евра.

Фото: Facebook