Ryanair најави летови од Европа за САД за 10 евра

26

Ryanair-Претседателот на ирската нискобуџетна авиокомпанија Ryanair, Мајкл О’Лири, најави дека наскоро планира во понудата да стави летови од Европа до САД за само 10 евра.

Ова ќе се случи штом компанијата ќе набави доволно авиони за долги, прекуокеански дестинции. О’Лири најави дека летовите до Бостон и Њујорк ќе чинат 10 евра, а од САД назад за Европа ќе чинат 7,30 евра. Патниците ќе мораат да платат дополнително за се, од храна, пијалок,  до багаж и опција за бирање на седиште. Цените за седиштата во бизнис и премиер класата ќе бидат многу повисоки.

Авионите на Ryanair ќе летаат од 12 до 14 големи европски градови во исто толку дестинации во САД.

Ryanair во моментов располага со флота од 300 боинзи за средни дестинации, кои сообраќаат само по Европа.