Ирскиот нискобуџетен авиопревозник Ryanair сака да привлече повеќе бизнисмени кои на своите службени патувања би ги користеле авионите на оваа компанија. Затоа воведува Бизнис план програма, која ќе овозможи флексибилност при промена на термини на летови, дополнителен багаж, приоритетно качување во авионот и подобри места за седење. Почетната цена за летовите во бизнис програмата е 69,99 евра. Во цената за билет е вклучено едно парче багаж до 20 килограми, а со овој билет може да се смени дестинацијата и на денот на летање, без дополнителен надомест.
Патниците во бизнис програмата нема да добијат посебни седишта и нема да бидат одвоени од останатите.