Rymek – ретро блутут тастатура

26

Rymek е совршена комбинација од ретро стил и модерна технологија.

Оваа тастатура се поврзува преку блутут или преку кабел со таблет, лап топ или компјутер. Компатибилна е со Android, IOS и Windows оперативни системи, а има и светло под копчињата, па е погодна за пишување и навечер.

Батеријата на оваа тастатура со едно полнење трае до 50 часа, а моментално е достапна во две бои, црна со кафеави копчиња и бела со портокалови копчиња.

Производот е дело на старт-ап со седиште во Сан Хозе, Соединети Држави и има своја кампања на платформата IndieGoGo. Досега има собрано 37.934 долари од потребните 20.000 долари, а кампањата трае уште 30 дена.

Првите испораки на производот се очекува да бидат во август годинава.

Фото: IndieGoGo