РЖ Институт првиот квартал од 2017 година го заврши со загуба од 3.399.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.
Во првите три месеци од 2016 година, загубата достигна 5.038.000 денари.
Вкупните приходи од продажба, во период од први јануари до 31-ви март оваа година, изнесуваат 20.930.000 денари. Од тој износ, на домашен пазар реализацијата има вредност од 20.914.000 денари, а на пазари во странство отпаѓаат 16.000 денари.
Основна дејност на РЖ Институт е производство на алуминиум и алуминиумски гранули, огноотпорни материјали за потребите на челичната индустрија, песоци за пескарење и за кочни системи, индустриска вар.