РЖ Услуги со загуба од три милиони денари во првото полугодие

12

denari

Акционерското друштво РЖ Услуги првото полугодие од оваа година го заокружи со загуба од 3.094.000 денари, покажува консолидираниот биланс на успех, објавен на Македонска берза.

Првото полугодие од 2014 година, компанијата го заврши со загуба од 4.063.000 денари.

Вкупните приходи од продажба, за шест месеци, изнесуваат 60.727.000 денари, додека истиот период лани тие беа на ниво од 86.285.000 денари.