S&P 500 на рекордно ниво петти ден по ред

31

На Волстрит, индексот S&P 500 во четвртокот петти ден по ред достигна ново рекордно ниво, бидејќи инвеститорите беа охрабрени од подобрите од очекуваните економски податоци и корпоративната заработка.

Dow Jones зајакна 0,64 отсто, на 38.049 поени, додека S&P 500 порасна за 0,53 отсто, на 4.894 поени, а индексот Nasdaq 0,18 отсто, на 15.510 поени.

S&P 500 порасна шести ден по ред благодарение на подобрите од очекуваните квартални деловни резултати од повеќето компании.

Од компаниите од составот на индексот S&P 500, кои досега објавуваа извештаи, 82 отсто од нив оствариле поголема заработка од очекуваната. Вчера инвеститорите најмногу ги охрабрија деловните резултати на IBM, па цената на акцијата на таа компанија скокна за 9,5 отсто.

Од друга страна, резултатите на Tesla беа разочарувачки, па цената на акциите на производителот на електрични автомобили потона за 12 отсто.

Од друга страна, позитивно влијание на пазарот имаа податоците за посилниот од очекуваниот раст на американската економија во последниот квартал од минатата година – за 3,3 отсто на годишно ниво.

Во целата минатата година, бруто домашниот производ (БДП) порасна за 2,5 отсто, иако многу аналитичари предвидуваа рецесија поради агресивното зголемување на каматните стапки од страна на американската централна банка.