S&P 500 постигна нов рекорд на Волстрит

22

На Волстрит  индексот S&P 500 благо порасна и достигна ново рекордно ниво, близу 5.000 поени, бидејќи пазарот беше поддржан од подобри од очекуваните деловни резултати на компаниите.

Dow Jones зајакна 0,13 отсто, на 38.726 поени, додека S&P 500 порасна за 0,06 отсто, на 4.997 поени, а индексот Nasdaq 0,24 отсто, на 15.793 поени.

S&P 500 втор ден по ред достигна ново рекордно ниво и во еден момент ја допре границата од 5.000 поени.

Ова е благодарение на подобрите од очекуваните квартални деловни резултати на компаниите.

Досега повеќе од половина од компаниите од индексот S&P 500 пријавиле за своето работење во последниот квартал од минатата година, при што околу 81 отсто од нив ги надминале очекувањата на аналитичарите во однос на заработката.

Според тоа, сега се проценува дека во тој квартал заработката на компанијата се зголемила за околу 8 отсто, додека пред еден месец се очекуваше раст од 4,7 отсто.

Податоците за невработеноста сепак покажаа дека пазарот на труд во САД е сè уште силен, што ја потврдува тезата дека ФЕД нема причина да брза со намалување на каматните стапки.

Поради ова, надежите на инвеститорите дека американската централна банка ќе го започне процесот на намалување на каматните стапки во март целосно избледе.

Цените на акциите вчера пораснаа и на повеќето европски берзи. Сепак, лондонскиот FTSE индекс ослабе за 0,44 отсто, на 7.595 поени, но франкфуртски DAX зајакна за 0,25 отсто, на 16.963 поени, а париски CAC за 0,71 отсто, на 7.665 поени.