S&P повторно го намали кредитниот рејтинг на Бугарија

39

sp

Меѓународната кредитна агенција Standard & Poor’s (S&P), по втор пат оваа година го намали долгорочниот и краткорочниот кредитен рејтинг на Бугарија за еден степен. Тој веќе спаѓа во категоријата неинвестиционен, пишуваат бугарските медиуми.

Рејтингот во странска и национална валута сега е BB+/В со стабилна перспектива, наместо досегашниот BBB-/А-3. Од кредитната агенција забележуваат слабости во надзорот на банкарскиот систем, намалениот економски раст и индикатори за слаб дефлационен раст.

Пред шест месеци S&P го намали кредитниот рејтинг на Бугарија поради политичката нестабилност.