Saab го рестартира производството

37

saab-factoryШведскиот производител на автомобили Saab се враќа во игра. Две години по банкротот и прекинот во производството, новиот сопственик, фирмата NEVS (National Electric Vehicle Sweden), неодамна и официјално најави почеток на производство на моделот saab 9-3 до крајот на оваа година.

Зад фирмата NEVS се крие кинески капитал, а долгорочната цел е производство на електромобили за европскиот и кинескиот пазар. Сепак, новиот saab 9-3 на почетокот ќе се нуди со бензински турбо мотори, а електро верзијата ќе се појави најрано во 2014 година.

NEVS планира до крајот на 2016 година да достигне годишно производство од 120.000 модели 9-3, а по европскиот и кинескиот, во план му е враќање и на американскиот пазар.