Сабев: Авио линијата Софија-Скопје ќе биде алатка за повеќе туристи

Имаме сериозна намера да бидеме заедно по целиот овој пат. Убедени сме дека летот Софија-Скопје ќе биде единствената алатка за луѓето кои се занимаваат со туризам да имаат повеќе можности, поголем профит и повеќе туристи. Ова го изјави министерот за транспорт Николај Сабев од Скопје.

Според министерот, треба да ги развиваме нашите економски односи на нов начин за да имаат придобивки и радост двете земји. За сериозната посветеност на Бугарија говори и фактот што во нашата делегација е и министерот за туризам, додаде Сабев.

Денеска се прави обид за рестартирање на авио линијата меѓу Софија и Скопје, која постоеше пред повеќе од 10 години, но беше затворена бидејќи беше неисплатлива.