САД даваат 1,3 милиони долари за брз тест на коронавирус

84

Американските власти решија да издвојат 1,3 милиони долари од федералниот буџет за две компании што се обидуваат да развијат брз тест за коронавирус.

Со тестот би можело за еден час да се утврди дали лицето е заразено. Американското Министерство за здравје соопшти дека ќе додели 679.000 долари на DiaSorin Molecular, со седиште во Калифорнија, и 598.000 долари на QIAGEN, со седиште во Мериленд, за да го забрза развојот на тестовите.

Министерството соопшти дека тестот на DiaSorin може да биде подготвен за преглед од страна на Американската агенција за храна и лекови во рок од шест недели, а тестот QIAGEN во рок од 12 недели.

Фото: Pexels