САД ги затвораат финансиските канали за исплата на руските долгови

94

Соединетите Американски Држави денеска ќе го затворат последниот финансиски канал преку кој Русија отплаќа долгови од милијарди долари кон меѓународните инвеститори, што ќе ја доведе Русија во позиција да не ги плаќа достасаните обврски и долгови за прв пат по Октомвриската револуција, пренесе АП.

Во соопштението на американското Министерство за финансии се вели дека нема план за обновување на лиценцата, што ќе и овозможи на Русија да продолжи да ги плаќа долговите преку американските банки.

Русија нема да може да ги отплати своите меѓународни инвеститори без дозвола да ги користи услугите на американските банки за плаќање на своите долгови.