САД го симнуваат Xiaomi од црната листа

30

САД го симнуваат кинески производител на паметни телефони, Xiaomi, од црната листа, со што е укината кратката и спорна забрана на Американците да вложуваат во оваа компанија којашто ја воведе администрацијата на поранешниот претседател, Доналд Трамп.

Американското министерство за одбрана и Xiaomi постигнаа договор забраната да биде укината во вторник, пренесува CNN.

Xiaomi е трет најголем светски производител на паметни телефони. Неколку денови пред претседателот Џо Бајден да стапи на должност во јануари, министерството за одбрана го додаде Xiaomi на листата на компании за коишто се тврдело дека се поврзани со кинеската војска.

Компаниите од црната листа подлежат на остро ограничувања, вклучувајќи ја американската забрана за инвестиции.

Договорот е ретко релаксирање на напнатите американско – кинески односи.

Фото: Facebook