САД и ЕУ подготвуваат нови санкции за Русија

86

Американскиот претседател Џо Бајден оваа недела ќе објави нов пакет санкции против Русија, за време на средбите со европските сојузници во Брисел, изјави неговиот советник за национална безбедност.

Џејк Саливан за новинарите изјави дека на 24 март „дополнителен пакет санкции ќе биде воведен заедно со нашите сојузници“.

Саливан рече дека акциите „ќе се фокусираат, не само на додавање нови санкции, туку и кон обезбедување на заеднички напори за сузбивање на затајувањето на санкциите“.