САД и Велика Британија го забранија увозот и трговијата на метали од Русија

23

Во петокот Вашингтон го забрани увозот на алуминиум, бакар и никел од руско потекло во САД.

Таа одлука, која важи од сабота, е дел од дополнителните санкции преземени заедно со Велика Британија за намалување на приходите на Москва, кои ги користи за војна против Украина, пренесува Бета.

Заедно со забраната за увоз на тие видови метали, одлуката ја ограничува нивната употреба во глобалната трговија со метали и тргувањето преку шалтер со финансиски деривати, соопшти американското Министерство за финансии.

Металите се главната извозна ставка на Русија по горивото, иако обемот е намален по руската инвазија на Украина, според друго соопштение на британската влада.

Рускиот извоз на метал е намален од 25 милијарди долари во 2022 година на 15 милијарди долари во 2023 година „поради напорите на Г7 и нејзините сојузници да го ограничат пазарот“, се вели во британското соопштение.