САД имаат 20 милиони милионери – повеќето вредни и обични луѓе кои носеле мудри одлуки

295

Милионерите можеби не се толку необични како што многумина мислат.

Според истражувањето на Credit Suisse за 2020 година, во САД има повеќе од 20 милиони луѓе со доволно средства да се нарекуваат милионери.

Крис Хоган, радио водител и автор на Everyday Millionaires, анкетираше над 10.000 богати лица за да ја открие нивната тајна за успехот.

Хоган наскоро дозна дека повеќето милионери не се јавни личности кои можат да се видат на мрежите или во медиумите.

“Тие се вредни и обични луѓе. Не е толку лесно да ги забележите”, рече Хоган.

Повеќето од нив го направиле своето богатство со текот на времето донесувајќи мудри одлуки.

И поседување на одреден начин на размислување, речиси сигурно придонело за нивниот успех.

Според него, околу 97% од анкетираните милионери веруваат дека ја контролираат својата судбина.

Тоа е многу повеќе отколку што верува вкупното население. Како што вели тој, околу 55% од населението имаат такво мислење.

Фото: Pexels