
Министерството за внатрешни работи на САД објави дека помага во зголемувањето на производството на нафта во Мексиканскиот Залив за 100.000 барели дневно, во согласност со новата политика што следи по извршната наредба на американскиот претседател Доналд Трамп, која има за цел да „ослободи американската енергија“, објави „Њујорк пост“.
Министерот за внатрешни работи Даг Бургум објави дека сите нафтени бунари во Мексиканскиот Залив, кој Вашингтон го нарекува американски, сега ќе можат да дупчат повеќе резервоари истовремено, и под многу поголем притисок од претходно дозволениот, за веднаш да го зголемат производството за околу десет проценти.
Министерството се повика на студија на Универзитетот во Тексас од септември 2023 година, која покажа дека во следните 30 години може да се произведе до 61 процент повеќе нафта отколку што е моментално.