Трговските центри во Америка имаат нов тренд, според којшто празните продажни места им ги отстапуваат на здравствени организации.
Според CNN, Mall of America во Минеаполис, којшто е најголемиот трговски центар во САД, минатата недела најави отворање на walk – in клиника во ноември. Оваа “мини“ клиника ќе се протега на 700 метри квадратни, а ќе има ординација за прегледи, сала за радиологија, лабораторија и аптека.
Концептот што го развива Mall of America е дел од стратегијата за градење партнерски однос меѓу сопственици на трговски центри со здравствени установи, со цел да се вратат купувачите во таканаречените молови.
Сопствениците на трговски центри сметаат дека кога ќе дојдат пациенти на очен преглед или ќе се вакцинираат, ќе останат во трговскиот за да прошетаат низ продавниците и да купат нешто. Ова има смисла и за привлекување на лекарите и целокупниот медицински персонал да купува или да јаде во рестораните во трговскиот центар.
Од аспект на здравствените работници, трговските центри се практична локација за амбуланта или клиника за превенција.
Фото: Pixabay