
Соединетите Американски Држави прелиминарно му доделија на германскиот Bosch 215,22 милиони евра грантови за производство на чипови во фабрика во Калифорнија, објави американското Министерство за трговија.
Со таа сума Вашингтон ја поддржува планираната инвестиција на Bosch од 1,81 милијарди евра во адаптација на фабриката во калифорнискиот град Розевил за производство на чипови од силициум карбид, клучни за електричните автомобили.
На Bosch му беа понудени околу 334,79 милиони евра државни заеми за проектот за адаптација на постројката, пренесува Хина.
Министерството ја поддржува инвестицијата на Bosch со пари од фондот за субвенционирање на домашно производство и истражување на полупроводници, формиран во 2022 година. Официјалните лица побрзаа да ги финализираат условите за големите заеми со оглед на неодамнешната промена на власта во САД.
Bosch очекува да започне со производство на чипови од 200 мм во фабриката во Роузвил во 2026 година.
Чиповите од силициум карбид се клучни компоненти за автомобилската, телекомуникациската и индустријата за оружје. Тие трошат помалку енергија и се потребни за подобрување на ефикасноста на возењето и полнењето на електричните возила.
Германскиот добавувач на автомобилска опрема купи клучни средства на TSI Semiconductors со седиште во Калифорнија во 2023 година и рече дека производството на чипови во голема мера ќе зависи од можностите за владино финансирање.