САД одобрија продажба на брз тест на Ковид-19 за лична употреба

103

САД одобрија продажба на брз тест за лична употреба за откривање на Ковид-19 што дава резултат за половина час, во рамки на борбата против пандемијата.

Американската агенција за лекови даде одобрение за тој тест што може да го користат сите лица од 14 години нагоре, доколку се сомневаат дека се заразени со Ковид-19.

Приборот што го произведува компанија Lucira Health може да се добие на лекарски рецепт и дава резултат за 30 минути, а чини околу 50 долари.

Одобрувањето на ваков вид на тест е привремено и условени, а се издаде за да се одговори на вонредната ситуација како што е актуелната пандемија. Може да се повлече или измени доколку се појават нови податоци за позитивни или негативни ефекти од брзиот тест.

Фото: Freepik