САД остануваат главен партнер: Извозот на ЕУ преку Атлантикот порасна за 3,6 проценти

Суфицитот на Европската Унија во трговијата со стоки за минатата година изнесува 128 милијарди евра, што е пад од осум милијарди евра во споредба со 2024 година, објави  Евростат.

Соединетите Американски Држави беа главна извозна дестинација минатата година, со удел од 21 процент во вкупниот извоз на Европската Унија.

Вредноста на извозот на Европската Унија во Соединетите Американски Држави изнесуваше 554,9 милијарди евра, што претставува зголемување од 3,6 проценти во споредба со 2024 година.