САД: Оваа година затворени над 9.300 продавници

47

Оваа година беше лоша за многу американски трговци и покрај зголемената потрошувачка и засилена економија. Оваа година, клуч на врата ставаат 9.302 трговци, што според CNN, претставува скок од 59% во однос на 2018 година.

Компанијата за чевли Payless ShoeSource оваа година затвори дури 2.100 продавници, втора е Ascena Retail (компанија за женска облека) со 781 затворена продавница, додеа на трето место се најде Gymboree (компанија за облека за деца) со клуч на 749 продавници.

Се проценува дека уште неколку илјади продавници би можеле да се соочат со истата судбина, пред сè, поради зголемената употреба на онлајн трговија. Освен тоа, високите трошоци и наемнини им создаваат проблеми со одржување на ликвидноста.

Фото: Pexels