САД: Паметни гаџети ќе повикуваат брза помош наместо луѓето

51

Стартапот Noonlight којшто до неодамна се викаше SafeTrek пред пет години престави апликација за смартфон што дозволува кориникот да повика помош без да каже збор. Доволно е само притискање и држење на копчето на екранот, и потоа самата апликација повикува брза помош.

Компанијата сега сака да ја прошири платформата на произведувачи на гаџети преку партнерства со големите технолошки играчи, и да воведе нова ера на лична сигурност.

Така, пред неколку дена беше направена една проба со паметна камера каде што истата праќа известување доколку забележи дека нешто не е во ред – на пример сте паднале и не може да станете. Доколку корисникот не одговори за кратко време, камерата испраќа помош, наведува CNN.

Како што вели основачот на Noonlight, Ник Дроџ, следниот чекор во би бил паметните гаџети (од детектори за чад, до паметни звучници) да внимаваат на луѓето.

Тие всушност би предупредиле одреден кол центар каде инаку човек би се јавил за помош. Сепак потребно е дополнително да се разработат овие апликации со цел да не ја загрозат приватноста на корисниците.

Фото: Pixabay