САД предупредуваaт: Водење бизнис во Хонгконг е ризик за американските компании

20

Администрацијата на американскиот претседател, Џо Бајден ги предупредува американските компании од зголемен ризик при работа во Хонгконг поради најавата на Кина за воспоставување поголема контрола над финансискиот центар.

Financial Times наведува дека тие закани ја вклучуваат и можноста кинеската влада да добие пристап до податоците што странските компании ги чуваат во Хонгконг, пренесува Ројтерс.

Покрај тоа, како ризик се наведува и новиот закон што овозможува Пекинг да воведе санкции против сите оние кои овозможуваат и спроведуваат странски казнени мерки против кинеските бизнис групации и официјални претставници од таа земја.

Фото: Pexels