САД со рекорден дефицит во последните 12 години

29

Надворешнотрговскиот дефицит на САД во јули достигна 63,6 милијарди долари, што е рекорд во последните 12 години. Како причина за тоа, според американските медиуми, е зголемување на увозот.

За споредба надворешнотрговскиот дефицит на Америка во јуни беше 53,5 милијарди долари. Станува збор за најголем месечен дефицит од јули 2008 година, односно за време на економската криза.

Увозот во јули се зголеми за 10,9% на 231,7 милијарди долари, додека извозот достигна вредност од 168,1 милијарда долари.

Фото: Freepik