САД воведоа мерки против компании и поединци кои ги заобиколуваат санкциите против Русија

82

Соединетите Американски Држави  воведоа казнени мерки против повеќе од 400 компании и поединци кои, според Белата куќа, учествуваат во заобиколувањето на санкциите против Русија.

Новите мерки се насочени првенствено кон компании од Кина и Индија, но и кон субјекти во Русија, Соединетите Американски Држави, Турција, Обединетите Арапски Емирати, Малезија, Тајланд и Швајцарија, пренесува Ројтерс.

Соединетите Држави испраќаат сериозна порака дека се посветени на спречување на избегнувањето санкции против Руската Федерација, изјави американски официјален претставник кој сакаше да остане анонимен.