САД воведоа нов пакет санкции против Русија: Поединци и компании се на удар

58

САД воведоа нов пакет санкции насочени кон руски компании и поединци, соопшти американскиот Стејт департмент.

– Во координација со Министерството за финансии, Стејт департментот воведува санкции за дополнително да влијае на поединци и субјекти поврзани со руските воени напори и други злонамерни активности – се вели во соопштението.

Вашингтон воведе санкции против повеќе од 30 физички и повеќе од 200 правни лица, меѓу кои и компанијата Арктик ЛНГ 2, која е вклучена во клучниот руски проект поврзан со течен природен гас, како и компанијата од металуршкиот и рударскиот сектор Руститан.

На списокот на санкционирани лица, меѓу другите, се и заменик министерот за дигитален развој на Русија Олег Качанов, заменик министерот за енергетика Анастасија Бондаренко, претседателката на Управниот одбор на Националниот центар за помош на исчезнати и повредени деца Јелена Милска.