САД воведуваат дополнителни царини на ЕУ

56

Американската влада најави дополнителни царини на одредени производи од Европската унија, вклучувајќи делови за авиони и вина од Франција и Германија, заострувајќи го долгогодишниот спор со Брисел околу субвенции на производители на авиони.

Канцеларијата на американскиот претставник за трговија наведува дека ќе се зголеми царината на делови за авиони, одредени вина, коњак и други жестоки пијалаци на база на грозје од Франција и Германија.

Не наведуваат кога царините ќе стапат на сила, напоменувајќи дека деталите ќе се знаат “наскоро“.

Спорот меѓу САД и ЕУ околу субвенции на производителите на авиони трае веќе 16 години и се голем товар за меѓусебните трговски односи.

Фото: Freepik