Саем на кариера на Универзитетот за југоисточна Европа

16

Компаниите кои учествуваат на овогодинешниот Саем на кариера на Универзитетот на jугоисточна Европа (УЈИЕ) најавуваат над 10 отворени места за пракса или работа наменети за студентите.

Саемот, во организација на Центарот за кариера на УЈИЕ, претставува можност за заедничка средба и соработка на компаниите, институциите и студентите.

Ректорот на УЈИЕ, Замир Дика истакна дека се подготвени да поддржат конкретни иницијативи и можности за напредок за нивните студенти.

“Соработката со бизнис заедницата обезбедува директен пристап до нашиот кампус создавајќи доволно простор да ги искористиме талентите на нашите студенти. Податоците покажуваат дека 57% од нашите дипломирани студенти успеваат да се вработат во тек на една година по дипломирањето, а над 12% да најдат работа пред да дипломираат со што се потврдува ефектот од денешниот настан. Над 40% од вработувањата се реализираат во приватниот сектор, а дел од нив си имаат и претпријатија како претприемачи“, изјави Дика.

За градоначалничката на општина Тетово, Теута Арифи, денешниот саем за кариера покажува дека УЈИЕ е отворен и алтернативен и нуди можности за интеграција на сите.

“Денешниот ден покажува што може да се постигне соработката на универзитетите, бизнис заедницата и институциите зашто логиката која ја следиме е таа на еден од создавачите на модерна Европа Шуман дека ништо не е можно без луѓе но и ништо не е одржливо без институции“, рече Арифи.

Саемот на кариера се одржува секоја година.