Саем „Винска визија Отворен Балкан“ во Белград

Над 600 изложувачи од повеќе од 28 земји меѓу кои и 74 македонски ќе се претстават на меѓународниот Саем за вино „Винска визија Отворен Балкан“ и кулинарскиот спектакл „Фуд Вижн“ што од денеска до недела се одржуваат на Белградскиот саем.

Најголем дел од винариите, дестилериите и гастрономските компании што ќе се претстават на саемот се од земјите членки на Отворен Балкан. Покрај нашите 74 претставници ќе има 260 од Србија и 21 од Албанија.