Саем за работа, чиј домаќин е министерот за странски инвестиции, Џери Наумоф, се организира денеска во Скопје.
На саемот ќе се претстави и компанија од САД, која планира да отвори свое претставништво во Македонија.
Компанијата, која е мултинационален контакт центар со 12.000 вработени, планира 2.000 вработувања во Македонија кои ќе обезбедуваат грижа и техничка поддршка на големи компании од САД. На идните вработени ќе им обезбеди платена обука која ќе трае осум до 10 недели со цел да ги научат основните вештини за грижа на корисници и ќе им бидат понудени специфични тренинзи за продуктите на клиентите.
Претставништвото на компанијата во Македонија ќе работи на поддршка на корисниците во САД, со време адаптирано на клиентите во САД.