Саем за стартапи на Техноинвент 2016

23

Техноинвент 2016 е програма во рамки на Технома, 42-от Меѓународен саем на металургија, електроника, енергетика, неметали, градежништво, обезбедување и заштита, чија што основна цел е иновациите да станат важна тема во деловната заедница и да се поттикне соработката меѓу етаблираните македонски компании и старт – ап заедницата.

На Техноинвент, којшто ќе се одржи во Метрополис арената од 18-ти 22-ри октомври, ќе има саем на стартапи со цел претставување на нивната дејност и промоција на иновативните решенија што ги нудат на македонскиот пазар.

Потребни информации за аплицирање:

– Назив на старт – ап компанијата

– датум на основање

– кратко резиме

– опис на иновативното решение (производ/услуга) што го нудат на пазарот

– лого во векторски формат

Бидејќи се останати само осум слободни места, потребните информации доставете ги на marko.georgievski@fitr.mk најдоцна до 13.10.2016, до 14:00. За учеството на саемот, стартапите не плаќаат надомест бидејќи се поддржани од Програмата за зголемување на пазарната вработливост (ИМЕ) и УНДП.