Саем за вработување и пракса Контакт 2016

22

kontakt

Студентите од Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) и од Факултетот за информатички науки и комуникацики технологии (ФИНКИ) го организираат третиот Саем за вработување и пракса Контакт.

Саемот ќе биде отворен на 04.04.2016 (понеделник) со почеток во 11 часот во Амфитеаторот на ФЕИТ. На отворањето ќе говорат Миле Станковски, декан на Факултет за електротехника и информациски технологии, Иван Чорбев, декан на Факултетот за информатички науки и комуникациски технологии, Станислав Овчаров, оперативен директор на компанијата Мусала софт. На настанот ќе присуствува и Тимчо Муцунски, заменик министер за информатичко општество и администрација.

Саемот е отворен за сите студенти на Универзитетот Св. Кирил и Методиј кои преку бесплатни модули, ќе ги подобрат своите меки вештини, ќе се запознаат со кариерните можности и ќе имаат можност да ги посетат сите компании кои ќе се претстават на техничките факултети.

На саемот ќе се претстават компаниите Мусала Софт, Ендава, Нетцетера, Космик девелопмент, Инсајд девелопмент, Хаселт, Вемево, Еду Софт, АЕК, ЕВН, Ассеко, Неотел, Смелтинг и Раде Кончар, Пиктејл и ЗТЕ.