Саемот на автомобили во Белград почнува утре

30

bgСаемот на автомобили BG car show и Меѓународниот саем на мотоциклисти Motopassion, со преку 260 излагачи, ќе се одржи од 14 до 23 март во халите на Белградскиот саем.

На четвртиот саем на автомобили и осмиот Меѓународен саем на мотоцикли ќе учествуваат сите водечки автомобилски и мото брендови кои работат на српскиот пазар, каде ќе ги изложат своите нови модели. На саемот ќе биде претставен и новиот автобус на Икарбус, развиен во соработка со компанијата Мерцедес Бенц.

Како единствен домашен произведувач на автомобили, компанијата Фиат автомобили Србија ќе се претстави заедно со својата увозна програма.

На саемот ќе бидат присутни и осигурителните куќи кои подготвуваат нови поволности за возачите, како и банките и лизинг куќите, кои ќе ги нудат своите нови специјални услови за финансирање.