Во трговскиот центар Рамстор во Скопје, денеска се отвори саемот Вкусот на Македонија, на кој 22 мали и средни бизниси од рурална Македонија ги продаваат нивните производи, повеќето од кои не се редовно достапни во главниот град – традиционална и органска храна, зачини, чаеви, регионални алкохолни пијалоци, природна козметика и облека. Саемот се одвива од 11-ти до 13-ти ноември, а влезот е слободен за сите посетители.
Саемот Вкусот на Македонија е организиран од шест Локални акциони групи од рурална Македонија во партнерство со Рамстор и со поддршка од Проектот на УСАИД за експанзија на мали бизниси, кофинансиран од Владата на Швајцарија.
„Руралните области на Македонија изобилуваат со мали бизниси со голем потенцијал за раст кои нудат традиционални, но и иновативни производи. Целата на овој саем е да ги претстави овие производи, кои обично не се достапни во урбаните центри, пред нови потенцијални потрошувачи“, изјави Едвард Гонзалез, директорот на канцеларијата за развој на УСАИД во Македонија.
„Владата на Швајцарија го поддржува развојот на малите бизниси во Македонија затоа што тие се дел од основата на една здрава економија. Затоа во последните два години го поддржавме основањето на десет Локални акциони групи во руралните региони – организации сочинети од локалното население кои веќе работат на економскиот развој на нивните региони преку проекти како денешниот саем“, додаде Стефан Томаџан, заменикот амбасадор на Швајцарија.
Локалните акциони групи (ЛАГ-ови) се здруженија на граѓани сочинети од претставници на јавниот, приватниот и граѓанскиот сектор од 2-4 соседни рурални општини. Здруженијата се основани како дел од воведувањето на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот за локален економски развој во руралните средини. Во таа рамка, ЛАГ-овите го организира овој саем како можност за презентирање на квалитетни и иновативни производи од руралните средини пред поголема публика на потрошуваци, со крајна цел да го помогнат проширувањето на малите бизниси преку зголемување на побарувачката за нивните производи.