Сака ли Римац да котира на берза?

31

Rimac Automobili ќе произведува најмногу 100 возила годишно. Откако неговата компанија ги објави деталните планови за новиот кампус, Мате Римац во разговор за Блумберг изјави дека неговиот фокус во тој сегмент ќе остане на помали серии.

Блумберг пишува дека Римац наведува дека автомобилите со неговото име секогаш ќе се продаваат во мали количини – помалку од 100 единици годишно, за да се избегне натпревар со производителите кои се купувачи на неговата компанија.

Основата на Rimac Automobili не е производство на електрични возила, туку развој и производство на компоненти за електрични возила.

Блумберг наведува дека Мате Римац веќе предупреди дека не е фан на идејата да котира на берза, но барем само теоретски размислува за тоа.

“Не е добро додека сите собираат огромни количини на пари на таков начин и немаат што многу да покажат, како и ние, да останеме без капитал, така што, секако ја проверуваме таа можност“, вели Римац.

SPAC претставува посебен начин на котирање на берза, каде се создава компанија што има обврска да преземе друга компанија и на тој начин продава акции на други компании.

На крајот на минатата година Римац во изјава за Financial Times изјави дека би зачестеното користење на SPAC би можел да наштети на долгорочните изгледи на индустријата во којашто тој работи, пренесува Seebiz.

“Менаџерите на таквите специјализирани компании (SPAC) не сносат иста одговорност за потенцијалните изгледи за раст на компанијата како менаџерите кои собираат пари преку иницијална јавна понуда на пазарот на акции“, вели Римац.

Сега за Bloomberg истакнува дека ниту една друга компанија на подрачјето на електромобилност не може да се пофали дека пет години по ред создава профит. Во 2019 година имал приход од 23 милиони и добивка од 1,4 милиони евра.

Фото: Facebook