Сакате да ослабете и да бидете сити? Еве што треба да јадете

24

jabolki

Фото: Pexels

Витката линија и здравото тело ги посакуваат сите без разлика на возраста. Добра вест е тоа дека одредени намирници истовремено можат да ве направат сити, здрави и да ви помогнат да ослабнете.

Јаткасти плодови

Јаткастите плодови се познати по тоа што се многу здрави доколку се конзумираат во умерени количини. Тие одлично ја задоволуваат потребата за храна и го контролираат апетитот.

Повеќето од нив се богати со омега 3 и омега 6 масни киселини, влакна и витамин Е, што ги прави идеална ужина. Јаткастите плодови како ореви, лешници, бадеми, фстаци брзо ќе ве заситат и ќе го подобрат вашето општо здравје, особено здравјето на вашата кожа.

Овесни снегулки

Истражувањата веќе со години покажуваат дека овесните снегулки се одлични за појадок, токму поради фактот што заситуваат и го забрзуваат метаболизмот. Богати се со влакна, а истите го нормализираат работењето на цревата и варењето на храната.

Сок од зеленчук

Сокот е најдобриот начин да се заситите и да внесете повеќе зеленчук во вашиот организам. Секако тоа треба да бидат свежо исцедени намирници, а не вештачки, фабрички варијанти.

Јаболки

Ова магично овошје освен што ви помага да ослабнете правејќи ве сити, помага и во борба против разни болести. Покрај тоа јаболките содржат и пектин којшто го одржува нивото на шеќер во крвта.

Семиња

Лененото семе и семето од чиа се најдобрите семиња кога станува збор за ситост и хранлива вредност. Тие се проверена опција доколку сакате да ослабете. Семето од лен содржи омега 6 масни киселини, кои што го зголемуваат нивото на холецистокининот, а познато е дека оваа супстанца помага во намалување на апетитот.