Фото: Pixabay
Да, токму така, салата во тегла е новото практично пакување на овој оброк кој може да го понесете со себе каде и да одите.
Зошто во тегла? Затоа што теглите не пропуштаат воздух, миризба, не собираат многу и се одличен начин да се зачува салатата онака како што треба. Во нив храната стои подолго, па така можете да го подготвите вашето јадење уште од вечер.
Таквите ферментирани салати го подобруваат варењето во желудникот, содржат повеќе витамини, ензими и антибиотици, што заедно значително го јакнат имунолошкиот систем.
Затоа доколку сакате да сте во тренд со здравите навики, посегнете по ручекот во тегла, било да е ферментиран или не, а можете и да испробувате разни рецепти од Pinterest.