
Австрискиот град Салцбург го загуби ексклузивното право да ги произведува познатите Моцарт топчиња, откако фабриката што ги правеше банкротираше.
Фабриката, која произведуваше 57 милиони топчиња годишно, беше затворена на крајот на годината, делумно поради поскапувањето на какаото, објави британски Гардијан.
Лиценцата за производство веќе неколку години ја има американскиот конгломерат Mondelez, кој сега ќе бара нова локација за производство на оваа популарна бонбона.
Фото: Pixabay











