Salesforce ја презема компанијата SteelBrick за 360 милиони долари

44

SteelBrick_Salesforce_Wide-01

Американската ИТ компанија Salesforce ја презема компанијата SteelBrick, специјализирана за софтвер којшто на продавачите им помага во одредување на конечната цена за одредени купувачи.

Вкупната вредност на договорот е 360 милиони долари, а претставници на SteelBrick велат дека преку оваа работа ќе добијат можност за испорака на нивните интегрални решенија за проценка на цените преку Salesforce.

Софтверот на SteelBrick е наменет за проценка на конечната цена за одреден купувач врз основа на различни барања коишто ги имаат за одреден производ или услуга.