Same Ole Line Dudes – професионални ’чекачи’ во ред кои наплаќаат 25 долари за еден час

46

Waiting in Line

Американската компанија Same Ole Line Dudes на своите клиенти им помага да не го губат времето чекајќи во ред во продавница.

“Ние сме тим од професионални ’чекачи’ во ред, а наша цел е да го заштедиме вашето време за чекање доколку има некоја одлична понуда во градот. Со вкупно осум милиони жители, редовите во Њујорк може да бидат многу долги. На тоа да се додадат и околу 56 милиони туристи секоја година и редовите стануваат уште подолги“, стои на официјалната страница на Same Ole Line Dudes.

Доколку некој сака да го купи најновиот модел на iPhone, нови патики или билет за концерт, а нема време да чека ред, може да смета на услугата на Same Ole Line Dudes. Доколку сака да ја искористи услугата некој друг да чека наместо него ќе мора да плати 25 долари за првиот час чекање, потоа по 10 долари за секои изминати 30 минути. На пример, доколу чекањето во ред трае два часа, за таа услуга ќе треба да се одвојат 45 долари.

Повеќе чинат услугите што вклучуваат не само чекање во ред, туку и испорака на производот.

На чело на оваа креативна компанија стои Роберт Самуел, кој заедно со неговите вработени чекаат во ред за сметка на нивните клиенти.

Во една прилика Самуел заработил 965 долари чекајќи 48 часа за новиот iPhone 6s.