Самит во Белград – Кинезите заинтересирани за неколку големи проекти

15

ZASTAVE

Третиот самит на Кина и 16 земји од централна и источна Европа почна денеска во Белград. Како што пишува Новости, српскиот државен врв подготвил скоро 70 проекти, вредни околу две милијарди евра, од енергетика, инфраструктура, фармација, до туризам, кои ќе му бидат понудени на премиерот на Кина, Ли Кечијанг и на шефовите на влади на Унгарија, Словенија, Полска, Чешка, Романија, Летонија, Литванија, Естонија, БиХ, Македонија, Хрватска, Црна Гора, Бугарија и Албанија.

Во фокусот на кинсеките стопанственици ќе бидат сигнализација на пругите, изградба на обиколницата околу Белград, две термоелектрани, голем број српски претпријатија кои треба да се приватизираат, а според Новости, Кинезите веќе покажале интерес за купување на ПКБ и изградба на пристаниште на Дунав.

На Самитот ќе се разговара за најактуелните светски политички прашања и за економската криза.

Фото: Танјуг