Само 150 туристи годишно – најнепосетувани земји во светот

122

Кога се зборува за туризмот, најчесто се споменуваат листи на најпосетувани земји во светот. Но, кои земји се најмалку посетени?

Ако се следат статистичките податоци, околу 30 отсто од меѓународните патувања се одвиваат во пет земји, кои со децении се на мапите на туристите.

Третина од меѓународните патувања се одвиваат во: Франција со 90 милиони туристички посети годишно, Шпанија со 83,7 милиони, САД со 79,3 милиони, Кина со 65,7 милиони и Италија со 64,5 милиони посети. Сепак, за разлика од нив, има и земји што се или малку посетени  од туристи.
На прво место е Екваторијална Гвинеја, која годишно ја посетуваат само 150 туристи. Втора е Науру, островска земја во Микронезија, која годишно ја посетуваат околу 200 туристи, а на трето место е Сомалија, со 400 туристички посети годишно. Оваа листа се менува секоја година и никогаш не е конечна. На пример, земјата Мали ја посетиле само 102 туристи во 2016 година, кога била најнепосетувана земја во светот. Тоа зависи и од глобалните околности во светот, војните, економските и други промени, кои влијаат на тоа дали туристите ќе одлучат да посетат одредена држава.

Листа на најнепосетени земји во светот

1. Екваторијална Гвинеја – 150 туристи
2. Науру – 200 туристи
3. Сомалија – 400 туристи
4. Тувалу – 1.400 туристи
5. Маршалски Острови – 4.600 туристи
6. Молдавија – 11.000 туристи
7. Северна Кореја – 15.000 туристи
8. Соломонски Острови – 20.000 туристи
9. Мавританија, Авганистан и Гвинеја-Бисао – 30.000 туристи
10. Гвинеја и Сао Томе и Принципе – 33.000 туристи
11. Федерални Држави на Микронезија – 35.000 туристи
12. Комори – 37.000 туристи
13. Сиера Леоне – 44.000 туристи
14. Либерија – 45.500 туристи
15. Кралство Тонга – 50.000 туристи
16. Лихтенштајн – 54.000 туристи
17. Источен Тимор – 60.000 туристи
18. Џибути – 71.000 туристи